СОПСТВО - Центарот за самоусовршување, Здружение на Граѓани (оформен април 2000) е невладина организација што овозможува на секој граѓанин што има желба и што сака да се пронајде самиот себе си и да биде во сооднос со самиот себе си, да си го најде своето сопство, своето јас преку техники, семинари и Учења од научен и духовен карактер. Како да имаме поквалитетен и поздрав живот, да се ослободиме од стресот и да создадеме внатрешен мир и хармонија, да станеме посвесни за самите нас, да си ги превземеме одговорностите, да не ги кривиме другите за неуспесите во нашиот живот и да го земеме воланот во свои раце. Сето ова можеме да го постигнеме со следните техники и Учења...
[повеќе]
Ние, членовите на Центарот го именуваме како Клуб. Во кулбот доаѓаме за да се дружиме и да работиме на себе за подобра иднина. Некои вежбаат Јога, некои ја посетуваат заедницата на Бруно Гренинг, некои играат Паневритмија, а некои доаѓаат за индивидуална работа која често е комбинирана со некоја од другите програми. Целта како членови ни е да се усовршиме себе си на полињата во кои ние лично сакаме, а ни е потребна поддршка и правилно насочување за да го постигнеме тоа. Атмосферата во клубот е пријателска, пред и после програмите се зборува за различните техники кои биле користени, за нивното влијание и за нашите лични искуства.
Ве информираме...