Некои од членовите на СОПСТВО се дел од Всемирното Бело Братство - Учење дадено од Беинса Дуно (Петар Д’нов) или Учителот. Името не подразбира расна поделба, туку се работи за нашата суштина и определбата на луѓето за Доброто. Во Белото Братство се учи за правилниот начин на живот, правилен развој на доблестите на човекот и методи за внатрешен развој. Учителот оставил поуки и предавање на теми за правилна исхрана, лечење со музика, правилен начин на молење, правилен начин на живот и размислување и Паневритмијата - метод за сеопфатно и хармонично развивање на телото, умот и душата.
Паневритмијата е наука која се состои од вежби за хармонизирање и развој на телото, умот и душата. Вежбите се изведуваат со пропратна музика. Паневритмијата може да ја игра секој: деца, возрасни и особи во години. Секоја година на 19 август, кај Седумте Рилски езера се собираат повеќе илјади следбеници за прославата на Новата Година на Белото Братство каде се изведува Паневритмија и се одржуваат предавање на разни теми.
Во СОПСТВО Паневритмија се игра секоја среда со почеток во 19 часот.
За повеќе информации
контактирајте не или јавете се: 070 637 245.
Ве информираме...
Со најголема радост известуваме дека првата книга од Белото Братство преведена на Македонски наскоро ќе биде издадена. Тоа е: ПАНЕВРИТМИЈА - Виш Космички Ритам (Учебник по Паневритмија).