Техники
Во Центарот користиме бројни техники и методи на нашиот пат кон самоусовршување. Овие техники се дел од веќе докажани методи, техники од научно докажани методи и духовни учења.
Воопштено, не секој ги користи сите техники и методи. Оставено е на личен избор. Некои од членовите се дипломци на Силва метод, некои ги посетуваат часовите по Јога, а некои се дел од Кругот на пријателите на Бруно Гренинг. Подолу се дадени објаснувања на некои од техниките.
Силва Метод
Целосното име е Силва метод за контрола на умот. Можеби името звучи малку одбивно, но факт е дека со Силва метод никој нема да го контролира вашиот ум! Вие самите сте тие кои ќе го контролирате вашиот ум. И што е најбитно, нема вистински да го контролирате вашиот ум или пак да му правите притисок, туку ќе го репрограмирате. Репрограмирање е клучниот збор во Силва метод.
Како да си помогнете на себе, да се ослободите од сите негативни содржини и навики во вашиот живот, да си ги исполните сите ваши потреби и се она што е добро за вас и да им помогнете и на најближните се дел од можностите што Силва метод ви ги нуди.
Раскинување на врзаностите
Раскинување на врзаностите е дел од едноставни техники за опуштање и ослободување од сите врзаности во нашиот живот што не оптеретуваат и што не се во сооднос со нашата стварна природа.