Програма

Индивидуална работа:

Да видиме каде ни се проблемите за нашето неправилно функционирање, како да ги надминеме, како да се спознаеме себе си и како да се насочиме правилно.

Техники:

Раскинување од Филис Кристил, Холограмски процес, Тим мозгова, Шакти Гавејн, Седумте успешни навики и други.

Јога:

Основен и напреден курс со предавачка со долгогодишно искуство – ученичка на Матаџи. [повеќе]

Таи Чи Чуан:

Основен курс по Таи Чи Чуан достапен за секого од најмала до најстара возраст. [повеќе]

Учењето на Бруно Гренинг:

Помош и исцелување по духовен пат – Медицински потврдено. Тоа што Бруно Гренинг го рекол и денес сеуште се случува е: "Неисцеливо не постои, Бог е најголемиот исцелител!" [повеќе]

Белото Братство:

Петар Д’нов предал молитви, пишани текстови, беседи и игри. Постојат многу книги во кои се опфатени теми за начинот на исхраната, пронаоѓање на себе си преку духовен пат, лечење со музика, правилно насочување на своите мисли и многу други теми како и Паневритмијата – вежби за балансирање на телото, мислите и духот. [повеќе]

Учењето на Огнот:

Учењето на Огнот се содржи од медитации, Танц на Огнот – техника за саморазвој, здрава исхрана, посебни чаеви и духовна заштита и одбрана. Целта на ова учење е духовна заштита на практикантот и на околината, ослободување од стрес, подобрување на здравствената состојба на практикантот и јакнење на духовните и психичките сили на практикантот. [повеќе]

Часови по компјутери:

Имаме дипломиран искусен предавач по компјутери. Дел од едукативните програми што ги нудиме се: почетен и напреден курс по компјутери (основа на компјутери, Windows, Office, Internet) и други специјализирани курсеви. [повеќе]

Семинари/работилници:

Повеќегодишно искуство во организирање на семинари и работилници во целосно опремен простор со домашни и странски предавачи. Дел од семинарите се: Курсеви од Силва Метод, Маѓучовечки односи и правилна комуникација, Концентрација, Седумте правила на најуспешните луѓе од Стивен Ковин, Бојата на парите, Толкување на сонови по научен пат, Славински (ПЕАТ, Ескалибур, Холограмски процес...) и други. [повеќе]

Практицирање на Силва метод:

Дел од членовите на клубот се дипломци на Силва метод и активно ги практикуваат методите и техниките. [прочитај во нашиот Форум]

Учењето на Љубиша Стојанович:

Во нашите простории се одржува семинарот: Пат кон просветлување (Семинар за развој на десната половина).