Учењето на Бруно Гренинг е Учење за исцелување по духовен пат - медицински докажано! Бруно Гренинг рекол: “Неисцеливо непостои, Бог е најголемиот лекар“.
- Што знаеле старите народи на сите високо развиени култури
- Што користеле славните лекари од последните векови (Парацелзус, Ханеман...)
- Што потврдила науката во неколку основни откритија
Постои виша снага која е темел на сè живо и која може да исцелува! И давале различни имиња: животна снага ("vis vitalis"), прана, чи (ки), Божја снага, ...
Бруно Гренинг имал за таа снага многу точно интуитивно знаење кое во своето едноставно учење го приближил кон сите луѓе.
Кругот на пријателите на Бруно Гренинг е здружение на граѓани кои ја спознале вредноста на учењето на Бруно Гренинг. Во неколку илјади заедници ширум светот се пренесува ова учење. По пат на одговарачки став на телото и духот се учи примањето на Божјата снага. Таа “исцелувачка струја“, која се осеќа во телото, донесува помош и исцелување, дури и кај хронични, дегенеративни и тешки органски оболувања.
Во Центарот за самоусовршување СОПСТВО се одржуваат заедници на Кругот на пријателите на Бруно Гренинг. За сите заинтересирани одржуваме и Информативни предавања за учењето на Бруно Гренинг, неговиот живот и многубројните исцелувања.
| Информативно предавање |
секој петок со почеток во 17:30 ч.
(Ве молиме најавете го Вашето доаѓање)
|
Адреса: ул. “Јуриј Гагарин“ бр. 55 (спроти Алумина)
Телефон: 071/614-983
Влез: слободен
Исцелување од хронична алергија
1.2.1
Хронична копривњача комбинирана со алергија на трева, полен, животински влакна, куќна прашина и др.
Г-ѓа Р. П. (40), Заедница Алтенкирхен (EB 29.92)
Повеќе од 8 години патев од алергија во облик на кијавица, кашлање и гушење.
Посебно силно реагирав на трева, цветен прав, животински влакна и друго. Мојата состојба воопшто не се подобруваше иако постојано употребував лекови против алергија и капки за очи и нос. Врвот беше 1990 год. Целото тело ми беше покриено со копривњача и акни, а чешањето беше неподносливо. 2 кожни лекари ми рекоа дека патам од хронична уртикарија. Само високо дозиран кортизон малку ми ја олеснуваше состојбата. Ниту терапија со сопствената крв кај еден јасновидец ништо не ми помогна. Го открив Кругот на пријателите во ноември 1990. Од јануари 1991 повеќе немам никакви тегоби. На ништо повеќе не реагирам алергично и не ми требаат никакви лекови.