СОПСТВО - Центарот за самоусовршување, Здружение на Граѓани (оформен април 2000) е невладина организација што овозможува на секој граѓанин што има желба и што сака да се пронајде самиот себе си и да биде во сооднос со самиот себе си, да си го најде своето сопство, своето јас преку техники, семинари и Учења од научен и духовен карактер. Како да имаме поквалитетен и поздрав живот, да се ослободиме од стресот и да создадеме внатрешен мир и хармонија, да станеме посвесни за самите нас, да си ги превземеме одговорностите, да не ги кривиме другите за неуспесите во нашиот живот и да го земеме воланот во свои раце.
Сето ова можеме да го постигнеме со следните техники и Учења: Индивидуална работа, Јога, Таи Чи Чуан, Техники (Раскинување и други техники од Филис Кристил, Холограмски процес, Ескалибур и други техники од Славински, Тим мозгова и други техники од Силва метод, Шакти Гавејн, Седумте успешни навики од Стивен Ковеи...), Учењето на Бруно Гренинг – Исцелување по Духовен пат, Белото Братство дадено од Беинса Дуно – Петар Д’нов, Учењето на Огнот – Техники на лечење и заштита, чаеви и амулети, Учењето на Љубиша Стојанович, семинари, работилници и часови по компјутери. Наведените курсеви, семинари, техники и Учења се достапни во Центарот за самоусовршување СОПСТВО.
Повеќе информации можете да добиете на тел: 070/763-495
или на
адреса: ул. Јуриј Гагарин бр. 55
или преку
контакт формуларот...
Според Андреа Пангос, Вистинскиот Идентитет на секој човек е склоп: Бог и Креација. Бог е Стварното Сопство (Стварен Елемент) на секој човек. Креацијата е Вистинското сопство (не-Стварен елемент) на секој човек. Вистинскиот Идентитет “истовремено“ Е и Постои. Е како Бог и Постои како Креација. Вистинскиот Идентитет е Сè, ама не Сè како спротивно на ништо, туку едно посебно Сè кое го вклучува и Апсолутното (Бог). Значи, Сè е заедништво: Непроменливото (Бог) плус променливото (Креацијата). Откривањето, одржувањето и балансирањето на тоа заедништво е правилна насоченост на еден човек. Превземено од:
Pangos Editore.